ТАЈНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗАВРШИЈА Владата најави промени, имињата сè уште се чуваат во тајност

Средбите со коалициските партнери завршија, а финалните кадровски решенија треба да бидат познати во наредните денови.

ТАЈНИТЕ РАЗГОВОРИ ЗАВРШИЈА Владата најави промени, имињата сè уште се чуваат во тајност
Фото: Национал

Средбите на премиерот Христијан Мицкоски со коалициските партнери во Владата завршија, а разговорите за најавената реконструкција поминале во конструктивна атмосфера, информираат од Владата.

Од Илинденска бр. 2 велат дека на состаноците била потврдена заедничката определба за продолжување со забрзано темпо во реализацијата на владината програма и реформите што ги очекуваат граѓаните.

Во разговорите биле повторени принципите што премиерот Мицкоски ги посочи во своето обраќање во Струмица и поголема одговорност, конкретни резултати, поголема достапност на функционерите до граѓаните, ефикасност во работењето и целосна посветеност на јавниот интерес.

Од Владата нагласуваат дека процесот на реконструкција не се води од партиски или лични интереси, туку има цел да го зајакне институционалниот капацитет и да овозможи поефикасно спроведување на владините политики.

Конечните кадровски решенија ќе бидат разгледани во следните денови, по што јавноста, како што најавуваат од Владата, ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Премиерот Мицкоски претходно посочи дека до 1 јули пред пратениците во Собранието треба да се најде предлогот за новиот владин состав. Тој не откри конкретни имиња, но потврди дека се разгледуваат различни опции, вклучително и можни промени на ресорите.

Реконструкцијата, според најавите, нема да се задржи само на министерските позиции. Во текот на летото ќе продолжи и анализа на работата на директорите на јавните претпријатија и раководителите на подрачните единици.

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМИ РАЗГОВОРИ Во петок и сабота се решава иднината на Владата

CATEGORIES
TAGS
Share This