14 ТОЧКИ КОИ МОЖАТ ДА ГО СМЕНАТ СВЕТОТ Што пишува во Меморандумот меѓу САД и Иран

Мировниот план, според медиумските информации, треба да отвори пат кон конечен договор под покровителство на Обединетите нации.

14 ТОЧКИ КОИ МОЖАТ ДА ГО СМЕНАТ СВЕТОТ Што пишува во Меморандумот меѓу САД и Иран
Фото: Принтскрин

Меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран предвидува итен и траен прекин на воените дејствија на сите фронтови, вклучително и во Либан. Според документот што го објави „El Arabiya“, а за кој медиумот тврди дека имал увид во копија, двете страни и нивните сојузници би се обврзале да не преземаат непријателски акции, ниту да се закануваат или употребуваат сила едни против други.

Меморандумот, кој според информациите требаше да биде потпишан во петок, но е одложено поптишувањет, содржи вкупно 14 точки и опфаќа политички, безбедносни и економски прашања.

Меѓу клучните обврски се почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на двете држави, како и воздржување од мешање во внатрешните работи. Документот предвидува започнување преговори за конечен договор, кој би требало да биде постигнат во рок од 60 дена, со можност за продолжување доколку двете страни се согласат.

Според меморандумот, веднаш по неговото потпишување САД би ја прекинале поморската блокада кон Иран и би овозможиле целосно обновување на поморскиот сообраќај во рок од 30 дена. Обемот на бродскиот транспорт би требало да се врати на нивото пред конфликтот.

Документот предвидува и повлекување на американските сили од околните региони во рок од 30 дена по постигнувањето на конечниот договор.

Еден од најзначајните делови се однесува на економската поддршка за Иран. Според наводниот договор, САД и нивните регионални партнери би требало да изработат план за економска рехабилитација и развој на земјата, со обезбедување средства од најмалку 300 милијарди долари.

Исто така, Вашингтон би се обврзал да ги укине сите санкции кон Иран, вклучително и оние поврзани со резолуции на Советот за безбедност на ОН, мерките на Меѓународната агенција за атомска енергија и едностраните американски санкции.

Во делот посветен на нуклеарната програма, Иран се обврзува никогаш да не произведува нуклеарно оружје.

До постигнување на конечен договор, предвидено е задржување на постојната состојба и Техеран нема да ја менува својата нуклеарна програма, а САД нема да воведуваат нови санкции или дополнително да го зголемуваат военото присуство во регионот.

Прашањата поврзани со збогатувањето на ураниум и останатите нуклеарни активности би биле решени преку конечниот договор.

Меморандумот, според објавените детали, предвидува САД веднаш по потпишувањето да издадат дозволи за извоз на иранска сурова нафта, петрохемиски производи и придружни услуги, вклучително банкарство, осигурување и транспорт.

Предвидено е и постепено ослободување и враќање на замрзнатите ирански средства.

За надзор над исполнувањето на обврските би бил воспоставен посебен механизам за следење.

По спроведувањето на клучните точки од меморандумот, би започнале преговорите за финален договор.

Последната точка предвидува конечниот договор да биде потврден со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

БЛИСКИ ИСТОК Излегоа детали од договорот меѓу САД и Иран

CATEGORIES
TAGS
Share This