ПРОПАДНА СРЕДБАТА САД-ИРАН ВО ШВАЈЦАРИЈА Венс ја откри причината за ненадејното откажување
Белата куќа тврди дека причината е логистиката, но разговорите за договорот продолжуваат.

Планираните разговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кои требаше да се одржат денеска во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, се откажани, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи.
Американската администрација како причина за одложувањето ги наведе логистичките предизвици поврзани со организацијата на средбата. Портпаролот на Белата куќа информираше дека потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го откажал патувањето на состанокот со иранските преговарачи, кој требаше да биде почеток на разговорите за спроведување на договорот меѓу Техеран и Вашингтон.
Венс изјави дека преговорите сè уште не се целосно усогласени и дека иранската страна може да има потешкотии со патните аранжмани.
„Американската делегација беше подготвена да замине веднаш штом се појавеше првата можност. Но, логистиката на овие преговори никогаш не била едноставна или предвидлива“, соопшти Белата куќа.
Тие додаваат дека техничките разговори се очекува да започнат во најскоро време.
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи претходно им дал овластување на иранските преговарачи да одржат директни разговори со американските претставници, но нагласил дека тоа не значи прифаќање на ставовите и условите на Вашингтон.


