ЖЕШТИНИЕ УДИРААТ СО ПОЛНА СИЛА Температурите денес до 34 степени

Метеоролозите најавуваат стабилно време во поголем дел од земјата, со локална нестабилност во попладневните часови.

ЖЕШТИНИЕ УДИРААТ СО ПОЛНА СИЛА Температурите денес до 34 степени
Фото: Принтскрин

Времето денес (19 јуни) ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени Целзиусови.

Во попладневните часови, во југоисточните делови од земјата локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој на одделни места повремено ќе засилува.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This