ТЕАТАР ПОД ОТВОРЕНО НЕБО, ХУМОР И ЕМОЦИИ Скопје уживаше во „Чудесна терапија“
Амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза се претвори во сцена на која публиката уживаше во театарска магија под отворено небо.

Во рамките на одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Драмски театар Скопје, вчеравечер пред бројна публика во амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза беше изведена комедијата „Чудесна терапија“.
Актерската екипа приреди вечер исполнета со смеа, динамични дијалози и препознатливи животни ситуации во кои публиката лесно се пронајде. Преку хуморот и острите реплики, претставата потсети дека најголемите предизвици често се случуваат токму во најблиското опкружување, семејството и домот.
Изведбата беше дел од богатата јубилејна програма по повод 80 години постоење на Драмски театар Скопје, а настанот привлече голем број љубители на театарската уметност кои уживаа во одличната атмосфера и маестралните актерски интерпретации.
Од Министерството за култура и туризам информираа дека јубилејната програма продолжува со низа настани посветени на долгата традиција и значајното место што Драмски театар го има во македонскиот културен живот.
ОВА Е САМО КРАЈОТ НА СВЕТОТ – Премиера на Драмски театар по повод 80-годишнината


