НАПАД ШТО ЈА ПОТРЕСЕ БЕЛОРУСИЈА Деца меѓу жртвите, бараат одговор од Украина
Белорусија го осуди настанот како „акт на тероризам“, додека од Киев засега нема официјален одговор.

Белорусија побара од Киев официјално и детално објаснување за наводниот напад врз автобус со деца од оваа земја, кои патувале кон Русија на одмор, соопшти Министерството за надворешни работи на Белорусија.
Од министерството оценија дека станува збор за „уште еден акт на тероризам насочен кон цивили“. Портпаролот на институцијата, Руслан Варанков, изјави дека Минск очекува одговори и појаснување за целиот случај.
Претходно, гувернерот на рускиот Брјански регион, Јегор Ковљачук, тврдеше дека украинските сили извршиле напад со беспилотно летало врз автобус во кој се превезувале деца од Белорусија.
Според објавените информации, во автобусот биле членови на фудбалски клуб кои патувале кон Геленџик на одмор. Во нападот, како што беше наведено, загинале жена и нејзините деца, додека шест деца биле повредени.


