ТРАМП ПОВТОРНО ГО КРЕНА ТОНОТ Ќе се вратиме со бомби ако Иран не слуша

Американскиот претседател порача дека договорот со Техеран не е конечен и предупреди на можни воени последици доколку Иран не ги исполни обврските.

ТРАМП ПОВТОРНО ГО КРЕНА ТОНОТ Ќе се вратиме со бомби ако Иран не слуша
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати нова остра порака до Иран, предупредувајќи дека Вашингтон би можел повторно да преземе воени дејствија доколку Техеран не се придржува до постигнатиот рамковен договор со САД.

Говорејќи пред новинарите за време на средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, Трамп порача дека договорот со Иран не е конечен и дека понатамошните чекори ќе зависат од однесувањето на иранските власти.

„Ако не бидат добри, ќе се вратиме и ќе преземеме мерки. Ќе им фрламе бомби во главите, бидејќи 47 години се однесуваа лошо“, изјави Трамп, упатувајќи директна закана кон Техеран.

Тој се осврна и на нуклеарниот договор од 2015 година, кој тогашниот американски претседател Барак Обама го постигна со Иран и со меѓународната заедница. Трамп повтори дека Техеран, според него, го потценил тој договор и се однесувал несериозно.

Во меѓувреме, британскиот весник „Гардијан“ објави дека Трамп упатил навредливи зборови кон Пруит, но не откри детали за содржината на изјавите.

CATEGORIES
TAGS
Share This