ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ОДНОСИТЕ СО БРИТАНИЈА Муцунски откри што се договори во Лондон

Муцунски во Лондон разговараше со Ивет Купер за инвестиции, трговија, Коридорите 8 и 10 и зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ОДНОСИТЕ СО БРИТАНИЈА Муцунски откри што се договори во Лондон
Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон се сретна со британската министерка за надоврешни работи Ивет Купер, при што беше потврдена заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека во фокусот на разговорите биле економската соработка, трговијата и инвестициите, како и можностите за продлабочување на билатералните односи во области од заемен интерес.

Муцунски ја истакнал посветеноста на Владата кон реализацијата на договорот меѓу двете влади и ја нагласил важноста од привлекување нови британски инвестиции и унапредување на економските врски. Воедно, соговорниците разговарале и за следните чекори во рамки на стратешкиот дијалог меѓу Скопје и Лондон.

На средбата било разговарано и за реализацијата на Коридорите 8 и 10, кои се оценети како проекти од значајно инфраструктурно и стратешко значење, како и за прашања поврзани со регионалната и европската стабилност и безбедност.

Двајцата соговорници размениле мислења и за соработката во рамките на НАТО, актуелните глобални безбедносни предизвици, војната во Украина, како и состојбите на Блискиот Исток.

CATEGORIES
Share This