ЈОТОВА БЕСНА ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СКОПЈЕ Ова е напад врз Бугарија
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова го оцени палењето на службените возила на амбасадата во Скопје како напад врз Бугарија, додека македонските власти соопштија дека осомничениот е веќе приведен и случајот се процесуира.

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, остро реагираше по палењето на двете службени возила на бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го инцидентот како сериозен напад врз бугарската држава.
„Ова е без преседан инцидент. Палењето на дипломатски возила го доживувам како директен напад врз Бугарија“, изјави Јотова.
Нејзината реакција следува откако македонските институции, Владата и Министерството за надворешни работи, го осудија вандалскиот чин. Во меѓувреме, осомничениот за палењето е приведен.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска истакна дека државата нема да толерира вакви дела и потврди дека осомничениот бил брзо идентификуван и приведен во координирана акција на МВР и Агенцијата за национална безбедност.
„Според информациите со кои располагам, очекувам случајот да биде процесуиран по забрзана постапка, а во текот на денот Обвинителството и Судот да соопштат повеќе детали за натамошните чекори“, рече Тошковски.
За мотивите зад инцидентот, министерот посочи дека истрагата е во тек и дека засега не може да открие дополнителни информации, нагласувајќи дека постапката се води согласно законските процедури.
ВОНРЕДНА РЕАКЦИЈА НА ВЛАДАТА Опожарени дипломатски возила кај бугарската амбасада


