ДЕНЕШНА МУНДИЈАЛСКА ДРАМА Четири фронта, фаворити, дербија и можни сензации

Напната мундијалска ноќ со четири натпревари во различни термини.

ДЕНЕШНА МУНДИЈАЛСКА ДРАМА Четири фронта, фаворити, дербија и можни сензации
Фото: Принтскрин

Германија го отвора настапот во Групата Е на Светското првенство во Хјустон со јасна намера да избегне уште едно непријатно изненадување, какви што ја следеа на последните две големи турнири во 2018 и 2022 година, кога не успеа да ја помине групната фаза. Четирикратните светски шампиони, предводени од селекторот Јулијан Нагелсман, сега бараат целосна рехабилитација и враќање меѓу најдобрите селекции во светот.

„Маншафт“ влегува на турнирот во одлична форма, со серија од девет последователни победи, што дополнително ја крева самодовербата во тимот. Иако дел од јавноста не ги става меѓу главните фаворити, составот изобилува со квалитет и креативност.

Нападот ќе се темели на триото Сане – Мусиала – Вирц, кое ќе ја има задачата да го снабдува напаѓачот Каи Хаверц на врвот од офанзивата. Во средниот ред се очекува балансот да го држат младиот дуо Феликс Нмеча и Александар Павловиќ, додека во одбраната клучни фигури ќе бидат Јошуа Кимих и Антонио Рудигер пред голманот Мануел Нојер, кој и покрај ситни проблеми со глуждот се очекува да стартува.

Од друга страна, Курасао доаѓа без притисок и со историски успех и прв пласман на Светско првенство за една од најмалите држави по население што некогаш се квалификувала на завршница. Тимот на искусниот Дик Адвокат ќе се обиде да ужива во големата сцена и да приреди изненадување против фаворитот.

Останува да се види дали Германија ќе демонстрира доминација и гол-разлика или Курасао ќе успее да направи сензација.

Мечот започнува во 19:00 часот.

Подоцна во програмата во групата Ф во 22:00 часот играат Холандија и Јапонија. Во утрински натпревари се среќаваат Еквадор и Брегот на Слоновата Коска од 01:00 часот и Шведска Тунис во 04:00 часот.

CATEGORIES
Share This