ПОЧИТ И ЕМОЦИИ ВО ТАБОРОТ НА ПОРТУГАЛИЈА Посебен симбол за Диого Жота
Португалската репрезентација подготви специјални комеморативни нараквици во чест на Диого Жота.

Португалската фудбалска репрезентација направи емотивен гест со кој му оддава почит на поранешниот репрезентативец и играч на Ливерпул, Диого Жота, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа минатата година.
Кристијано Роналдо и сите репрезентативци ќе носат специјални комеморативни нараквици за време на нивниот настап на Светското првенство, кое започнува следната недела со дуел од Групата К против ДР Конго. Нараквиците се личен подарок од португалскиот премиер Луис Монтенегро, кој се сретнал со тимот пред нивното заминување на турнирот.
Играчот од средниот ред Витиња објасни дека нараквиците се изработени во согласност со строгите ФИФА правила и дека е дозволено нивно носење на натпреварите без ризик од санкции.
„Кога се сретнавме со премиерот, тој ни ги подари нараквиците“, изјави Витиња за медиумите.
Тој додава дека тие се дизајнирани така што ги исполнуваат сите прописи за користење на терен. Појасни дека на нив се испишани имињата на сите играчи, заедно со името на Диого Жота.
„Сè е направено според правилата за да можеме да ги носиме и на натпреварите“, рече тој.
Витиња истакна и дека одлуката за носење на нараквиците била оставена на самите играчи.
„Секој од нас можеше да одлучи дали ќе ја носи и кога и во текот на денот или за време на натпреварите. Ја прифативме со голема почит и одлучивме да ја користиме“, додаде тој.


