МИРОТ ДОАЃА ПРЕКУ СИЛА Нетанјаху му честиташе роденден на Трамп
Нетанјаху оцени дека роденденот на Трамп доаѓа во важен момент за САД и му посака успех во водењето на земјата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп, испраќајќи порака во која ја нагласи важноста на силата како предуслов за мир.
Во објава на социјалната мрежа X, Нетанјаху напиша дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во посебен момент, кога САД одбележуваат 250 години од своето постоење како држава изградена врз принципите на слободата и верата.
„Среќен роденден, Доналд“, порача израелскиот премиер.
Тој додава дека Америка продолжува да биде симбол на слободата и демократијата.
Во својата честитка, Нетанјаху ја повтори пораката дека „мирот се постигнува преку сила“, што дел од израелските медиуми го толкуваат како индиректна реакција на новиот Меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, кој во Израел предизвика бројни критики.
„Ви посакувам сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина и мир постигнат преку сила, како и додека заедно го зацврстуваме и унапредуваме сојузот меѓу САД и Израел“, напиша Нетанјаху во пораката до Трамп.
https://nacionalno.mk/tramp-ne-e-siguren-za-idninata-na-netan-ahu-likud-vednash-odgovori/


