МУНДИЈАЛОТ ИЗНЕНАДУВА Фаворити паѓаат, драма во 94. минута и сензации на сите страни

„Фаворитите се мачат, а аутсајдерите пишуваат историја, драма, сензации и доцни голови го обележаа Мундијалот

МУНДИЈАЛОТ ИЗНЕНАДУВА Фаворити паѓаат, драма во 94. минута и сензации на сите страни
Фото: Принтскрин

Во вчерашните натпревари на Мундијалот беа одиграни неколку интересни дуели со изненадувачки резултати.

Австралиската репрезентација ја совлада Турција со 2:0 во мечот со кој беше комплетирано првото коло во Групата Д, каде настапуваат и САД и Парагвај. Иако пред почетокот Турција важеше за фаворит, на теренот Австралијците приредија изненадување и стигнаа до триумф. Турција имаше голема иницијатива во текот на целиот натпревар, со над 70% посед на топката и дури 30 удари кон голот, но не успеа да ја искористи својата доминација. Од друга страна, Австралија одигра дисциплинирано во одбраната и максимално ги искористи ретките шанси во нападот.

Резултатот беше отворен во 27. минута, кога Нистром Иранкунда ја искористи празнината во турската одбрана и со прецизен удар донесе водство од 1:0 за Австралија. Во второто полувреме Турција продолжи со притисок, но без конкретна реализација. Во 75. минута следеше нов удар за Турците по грешка во нивната одбрана, кога Конор Меткалф изби сам и со удар од далечина го зголеми водството на 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Во другиот натпревар, Шкотска минимално со 1:0 го совлада Хаити. Иако важеше за фаворит, Шкотска тешко стигна до победата, а единствениот погодок го постигна Мекгин во 28. минута. Со овој триумф, Шкотска се искачи на првото место во Групата Ц, каде се наоѓаат и Бразил и Мароко, кои ремизираа во меѓусебниот дуел. Така, Шкотска засега е една од ретките европски селекции со победа во досегашниот дел од Светското првенство, со освоени три важни бода во борбата за пласман во нокаут-фазата.

Во останатите два натпревари, Катар приреди големо изненадување против Швајцарија, играјќи нерешено 1:1. Швајцарците поведоа во 17. минута преку Бред Емболо од пенал и имаа повеќе од играта, создавајќи бројни шанси за втор гол. Сепак, израмнувањето дојде во 94. минута, кога Буалем Куки со удар со глава донесе бод за Катар. Пред четири години, на домашниот Мундијал, тие ги загубија сите натпревари. Швајцарија упати дури 26 удари кон голот, што е нивен рекорд на едно Светско првенство уште од 1966 година, но и покрај доминацијата не успеа да стигне до победа.

Во првото коло од Групата Ц, Бразил и Мароко одиграа нерешено 1:1. На стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, натпреварот донесе возбудливо прво полувреме. Мароканците поведоа во 21. минута преку Саибари, но само 11 минути подоцна Винисиус Жуниор израмни на 1:1.

ДРАМА НА МУНДИЈАЛОТ Гол во 94-та, па ФИФА се предомисли за стрелецот

CATEGORIES
Share This