МЕСЕЧНИ ХОНОРАРИ БЕЗ РАБОТА Излегува нова афера во Лотарија

Хонорари од 30.000 до 90.000 денари, без јасни работни обврски.

МЕСЕЧНИ ХОНОРАРИ БЕЗ РАБОТА Излегува нова афера во Лотарија
Фото: Принтскрин

Познат професор и поранешен декан на Правниот факултет, советници од владејачката партија, новинари, првиот човек на македонскиот „Транспаренси Интернешнл“, како и блиски роднини на раководни лица во Лотарија, се дел од списокот до кој дошол и го објавил портал „Х“.

Според објавата, на списокот има вкупно 37 лица кои, наводно, редовно добиваат месечни хонорари од околу 45 илјади денари на нивните банкарски сметки, без да се појавуваат на работно место или да извршуваат конкретни работни обврски во Лотарија.

Последната исплата на хонорарите, како што се наведува, била извршена на 3-ти овој месец. Вработени во Лотарија, наводно, биле задолжени секојдневно да „отчукуваат“ присуство, иако дел од лицата не доаѓале на работа.

Во јавноста се појавуваат шпекулации дека списокот не е конечен и дека постојат и други слични случаи, при што висината на хонорарите се движела од 30.000 до 90.000 денари, зависно од „позицијата“ на лицата.

Портал „Х“ наведува дека побарал одговор од генералниот директор на Лотарија на Македонија, Климовски, но засега нема официјална реакција.

CATEGORIES
TAGS
Share This