ПАРИ ЗА НАУКА 130.000 денари за најдобриот млад истражувач, еве како да учествувате

Младите економисти добиваат ретка шанса за голема парична награда.

ПАРИ ЗА НАУКА 130.000 денари за најдобриот млад истражувач, еве како да учествувате
Фото: Принтскрин

Народната банка објави конкурс за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година, наменета за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. Целта на наградата е поттикнување на научно-истражувачката мисла и изработка на квалитетни трудови поврзани со макроекономијата, банкарските системи и финансискиот сектор, како и афирмација на млади стручни кадри.

Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Од конкурсот се исклучени вработените во Народната банка и членовите на нејзиниот Совет.

Трудовите мора задолжително да содржат осврт кон македонската економија во рамки на избраната тема. Максималната должина е 80.000 карактери со празни места (без фусноти, прилози, графикони, табели, апстракт, библиографија и анекси), а се препорачува стандардна научно-истражувачка структура.

Се прифаќаат и веќе објавени трудови, но не порано од 1 јануари 2025 година, при што е потребно да се наведе датумот и местото на објавување. Еден автор може да конкурира само со еден труд.

Трудовите се доставуваат електронски во Word формат на адресата konkurs@nbrm.mk, со назнака „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, заедно со биографски податоци. Материјалите ќе се третираат како доверливи.

Трудовите може да бидат напишани на македонски, албански или англиски јазик и ќе се оценуваат според релевантноста на темата, квалитетот на литературата, јасноста на проблемот и целите, методологијата, како и квалитетот на заклучоците и препораките.

Рокот за доставување е 1 февруари 2027 година. Наградниот фонд изнесува 130.000 денари за првонаграден труд и 65.000 денари за второнаграден труд. Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.

CATEGORIES
Share This