КОЈ ДОЛЖИ НАЈМНОГУ – УЈП ја откри новата „црна листа“ на граѓани и фирми

Листата ги опфаќа даночните обврски за ДДВ, добивка, доход, придонеси, акцизи и царини.

КОЈ ДОЛЖИ НАЈМНОГУ – УЈП ја откри новата „црна листа“ на граѓани и фирми
Фото: Национал

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр. 06/2026, на која се евидентирани долгови доспеани до 28 февруари 2026 година, а неплатени заклучно со 31 мај 2026 година. Листата опфаќа обврски по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини.

Според член 9 од Законот за даночна постапка, на листата се вклучени должници чиј вкупен долг надминува 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност, односно над 300.000 денари за правни лица.

Во најновата објава се наведени вкупно 5.058 должници, од кои 1.941 се правни лица. Тоа претставува намалување од 13 правни лица во однос на претходната листа. Бројот на физички лица изнесува 3.117, што е зголемување за 53 должници.

Вкупниот нето-долг на листата изнесува 12.913.992.404 денари, што е зголемување од 786.021.092 денари во споредба со претходната објава.

Од вкупниот износ, долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, додека обврските по основ на царински давачки достигнуваат 190.587.333 денари. И двата сегменти бележат пораст во однос на претходната листа.

Листата на должници е јавно достапна на официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

CATEGORIES
Share This