ТРАМП НЕ Е СИГУРЕН ЗА ИДНИНАТА НА НЕТАНЈАХУ Ликуд веднаш одговори

Откако Трамп изрази сомнеж дали израелскиот премиер ќе ја продолжи политичката кариера, Ликуд соопшти дека Нетанјаху ќе се кандидира и очекува изборна победа.

ТРАМП НЕ Е СИГУРЕН ЗА ИДНИНАТА НА НЕТАНЈАХУ Ликуд веднаш одговори
Фото: Принтскрин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се кандидира на претстојните избори во Израел, соопшти денес неговата партија Ликуд, откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж дали израелскиот лидер има намера да ја продолжи политичката кариера.

Во кратко соопштение, Ликуд наведе дека Нетанјаху ќе учествува на изборите и дека партијата очекува победа.

Претходно, Трамп во интервју за ABC News изјави дека е „отворено прашање“ дали 76-годишниот Нетанјаху ќе се кандидира за нов мандат.

„Не знам. Се прашувам дали Биби воопшто сака да продолжи. Тој имаше неверојатна кариера. Прашањето е дали сака да остане во политиката“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека Нетанјаху е лидер во време на војна и оцени дека конфликтот наскоро би можел да заврши.

„Многу брзо ќе ја добиеме оваа војна, на еден или друг начин, а тој е премиер во воено време. Затоа останува отворено прашањето дали повторно ќе се кандидира“, изјави Трамп.

Со реакцијата на Ликуд, практично беа демантирани шпекулациите за можно политичко повлекување на Нетанјаху, кој останува еден од најдолговечните и највлијателни политичари во историјата на Израел.

CATEGORIES
TAGS
Share This