ТАЈНАТА СТРАТЕГИЈА НА ЗЕЛЕНСКИ Признава дека постигнал скриен резултат со писмото до Путин
Зеленски откри дека неговите дипломатски апели до светските лидери дале конкретен резултат.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа на заедничка прес-конференција со лидерите на нордиските и балтичките земји изјави дека серијата негови апели до меѓународните лидери и институции, вклучително и отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин, го дале очекуваниот резултат.
„Имав цел кога му испратив писмо на Путин. Мислам дека го добив резултатот што ми беше потребен“, рече Зеленски.
Тој објаснува дека целта на писмото била да им покаже на сојузниците кој е подготвен за мир, а кој не, пренесува Укринформ.
Тој додаде дека во текот на месецот испратил повеќе писма до различни меѓународни актери и институции, меѓу кои Европската Унија, Конгресот на САД и американскиот претседател.
„Имав различни цели. Кога станува збор за Соединетите Американски Држави, сакав да помогнам фокусот барем делумно да се префрли од Блискиот Исток кон ситуацијата во Украина. Не можам да ги откријам сите детали, но на мојата земја ѝ се потребни значајни антибалистички капацитети. Го добив резултатот, но засега не можам да откријам каков беше“, изјави украинскиот претседател.
На 4 јуни, Зеленски испрати отворено писмо до Владимир Путин со предлог за лична средба со цел завршување на војната, предлагајќи таа да се одржи во трети земји кои традиционално се домаќини на меѓународни преговори.
Следниот ден, Путин изјави дека во овој момент не гледа потреба од средба со украинскиот лидер.
ЗЕЛЕНСКИ ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ Подготвен сум да седнам лице в лице со Путин


