СКОПЈЕ СО ДВОЕН ПРОБЛЕМ – ЕВН и Водовод најавија прекини на струја и вода во ист ден во овие населби
Поради планирани интервенции на електро и водоводната мрежа, повеќе улици и населени места во Скопје ќе останат без струја и вода во текот на денот.

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека денеска повеќе населени места и улици во главниот град ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ („Аминта Трети“) во Општина Центар, во реонот околу угостителските објекти „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и околните згради.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за дел од жителите на селото Долно Соње, односно на улиците 6, 8 и 12.
Дополнително, од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат и корисниците на потегот од Рибилимус кон Горно Оризари и селото Мирковци.
Во меѓувреме, ЈП Водовод и канализација најави и прекини во водоснабдувањето поради санациски зафати на водоводната мрежа.
Поради поправка на затворач со пречник од 300 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ и улицата „Отокар Кершовани“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на работите.
Исто така, поради поправка на два затворачи со пречник од 600 и 300 милиметри на Кеј „Димитар Влахов“, од 08:00 часот ќе има прекин на водоснабдувањето кој ќе трае до завршување на интервенцијата.


