ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА Осум фудбалери над 40 години ќе го тресат Светското првенство
Никогаш досега толку многу фудбалери над 40 години не играле на еден Мундијал.

Осум фудбалери постари од 40 години ќе настапат на Светското првенство 2026, што претставува историски рекорд. За споредба, на сите претходни 22 мундијали, од 1930 до 2022 година, настапиле само седум играчи над 40 години.
На листата предводник е португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој на 41 година ќе се обиде да го освои единствениот голем трофеј што му недостасува во кариерата. Со него во друштвото на ветераните се и Лука Модриќ, Мануел Ноер, Един Џеко, Ѓилермо Очоа, Фернандо Муслера, шкотскиот голман Грег Гордон и Возиња од Зеленортски Острови.
Највозрасен меѓу нив ќе биде Гордон, кој ќе има 43 години и пет месеци на стартот на турнирот, додека Роналдо ќе има можност да испише нова историја доколку ја одведе Португалија до светската титула.
Присуството на осуммина ветерани на Мундијалот уште еднаш покажува дека во модерниот фудбал возраста сè помалку претставува пречка за настап на највисоко ниво.

