ЈАКИМОВСКИ УДРИ ПО ВЛАСТА Не ме осудија за криминал, туку за да не се кандидирам

Поранешниот градоначалник тврди дека казната нема правна, туку политичка позадина.

ЈАКИМОВСКИ УДРИ ПО ВЛАСТА Не ме осудија за криминал, туку за да не се кандидирам
Фото: Принтскрин

На вонредна прес-конференција, поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, изјави дека едногодишната затворска казна против него е политички мотивирана и има за цел да го спречи повторно да се кандидира за градоначалник.

Јакимовски тврди дека не сторил кривично дело ниту ја злоупотребил службената положба, туку дека пресудата е резултат на политички притисок. Според него, предметот се однесува на времени објекти за кои, како што рече, недостасува само еден документ,  дозвола за поставување.

Тој нагласи дека објектите се изработени од гипс-картон и челична конструкција, можат да се демонтираат и преместат, па затоа не можат да се сметаат за трајни градби.

Јакимовски оцени дека вистинската причина за пресудата е стравот на власта од негово евентуално враќање на чело на Општина Карпош, обвинувајќи дека рејтингот на актуелната локална власт е значително намален. Според него, пресудата е донесена со цел да се елиминира како политички противник пред претстојните избори.

CATEGORIES
Share This