ГАЛИБАФ СО ОСТРА РЕКАЦИЈА Подготвени сме веднаш за воени операции
Иран е подготвен за итен воен одговор на прекршувањата на примирјето.

Во аудиопорака упатена до иранската јавност, претседателот на парламентот на Мохамад Багер Галибаф изјави дека Иран е подготвен веднаш да ги продолжи своите воени активности како одговор на, како што рече, прекршувањата на прекинот на огнот што на почетокот на април го најавиле САД и Израел, пренесува иранската „Прес ТВ“.
Тој нагласи дека ваквата порака следува по нова ескалација, откако Иран извршил ракетни напади врз Израел како одговор на наводни прекршувања на договореното примирје, кое вклучувало и запирање на непријателствата во Либан.
Галибаф истовремено истакнал дека Техеран останува отворен за дипломатски напори, но дека тие мора да одат паралелно со, како што тврди, одбранбени воени дејства.
Според него, ескалацијата е последица на континуирани притисоци и акции во регионот, вклучително и тензии во областа на Персиски Залив и случувањата во Либан.
Тој додал дека Иран не гледа противречност меѓу дипломатијата и военото делување, туку ги смета за паралелни алатки во актуелната стратегија.
На крајот, Галибаф нагласил дека целта на Техеран не е нормализација на односите со Вашингтон, туку завршување на конфликтот и обезбедување долгорочна безбедност, при што изразил недоверба кон американската страна.

