ЛЕТЕН ДЕН СО ЗАМКА Попладне можни врнежи и ветер
Температурите остануваат високи, но во делови од земјата можна е краткотрајна промена на времето во попладневните часови.

Фото: Национал
Денеска (09.06) времето ќе биде сончево и топло, проследено со мала до умерена облачност и температура во интервал од 10 до 33 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во попладневните часови, во северозападните и југоисточните делови од земјата се очекува локална нестабилност, со можност за пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


