СЕ ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – ВИ што наоѓа хакерски дупки побрзо од луѓето ги плаши банките
Европските банки под притисок да инвестираат милиони во сајбер безбедност.

Моделот на вештачка интелигенција „Клод Митос“ од Anthropic предизвикува загриженост кај банките и регулаторите бидејќи во тест-средини открива илјадници сериозни софтверски ранливости многу побрзо од досегашните методи, вклучително и „нулти-ден“ пропусти.
Експертите предупредуваат дека ова може да го забрза и сајбер-криминалот, што претставува ризик за глобалниот финансиски систем. Банки, берзи и платни системи би можеле да станат поранливи, а нападите врз инфраструктури како SWIFT би имале сериозни последици.
ЕЦБ, ММФ и ФСБ веќе алармираат за можни системски ризици и „финансиски шокови“ предизвикани од сајбер инциденти. Се нагласува дека времето за реакција при поправка на безбедносни дупки е клучно и мора значително да се скрати.
Како одговор, дел од големите технолошки и финансиски компании добиваат ограничен пристап до моделот преку „Project Glasswing“, со цел да се користи и за одбрана, не само за напади.
Заклучокот на експертите е дека вештачката интелигенција станува и моќно оружје и клучна одбранбена алатка, па затоа се потребни итни инвестиции и меѓународна соработка за сајбер безбедност.


