РАДЕВ СО ПОРАКА ОД ТИВАТ ДО МАКЕДОНИЈА – Само ова треба да направите

Бугарскиот премиер Румен Радев со јасен услов за старт на преговорите – уставни измени во Скопје повторно во центарот на вниманието

РАДЕВ СО ПОРАКА ОД ТИВАТ ДО МАКЕДОНИЈА – Само ова треба да направите
Фото: Принтскрин

Од Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека Бугарија е подготвена да им помогне на „браќата од Северна Македонија“.

Тој нагласи дека единствениот чекор што Северна Македонија треба да го направи е уставно да ги вклучи Бугарите, со што би се отворил патот за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

„Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме да се исполни преговарачката рамка усвоена во јули 2024 година. Потребна е само уставна измена со која ќе се вклучат Бугарите. Тоа е единствениот чекор за отворање на преговарачкиот процес“, изјави тој.

Еден ден пред самитот, Франција и Германија претставија заеднички документ со повик за „нов импулс“ во процесот на проширување на ЕУ. Во него се предлага постепена интеграција на земјите кандидати базирана на заслуги, како и можност за пристап до внатрешниот пазар на ЕУ уште пред полноправното членство, под одредени услови.

Целта на предлогот е да се забрза и поедностави пристапниот процес, кој според иницијаторите е премногу формализиран и бирократски, и да се внесе нова динамика во европското проширување.

CATEGORIES
Share This