ОГРОМЕН УСПЕХ Македонија за првпат влегува во еден од главните органи на ОН

Македонија обезбеди 174 гласа „за“ и влезе во Економскиот и социјален совет на ОН.

ОГРОМЕН УСПЕХ Македонија за првпат влегува во еден од главните органи на ОН
Фото: Принтскрин

За првпат по осамостојувањето, Македонија е избрана во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН), што претставува значаен успех за државата и за македонската дипломатија.

Земјата беше избрана со 174 гласа „за“, заедно со Португалија, Германија, Франција и уште 10 други држави.

Економскиот и социјален совет на ОН (ЕКОСОК) е едно од шесте главни тела на Обединетите нации. Тој претставува централна платформа за дебата и координација на меѓународни економски, социјални и еколошки прашања, како и за поврзување на специјализираните агенции, програми и комисии на ОН.

Основни функции на ЕКОСОК: Интеграција на политики: Служи како главно тело за координација, анализа и дијалог за економски, социјални и еколошки политики. Одржлив развој: Претставува клучна платформа за следење и имплементација на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој (ЦОР). Глобална соработка: Дава препораки до земјите-членки и ги поврзува владите, граѓанскиот сектор, приватниот сектор и академската заедница со цел справување со сложени глобални предизвици.

CATEGORIES
Share This