ДЕНЕС НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ЧАДОР Следуваат интензивни врнежи
Наместа се прогнозираат над 20 литри дожд на метар квадратен, проследени со електрични празнења.

Фото: Национал
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и температура во интервал од 9 до 28 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
CATEGORIES Македонија
