Единствена Македонија до Мицкоски: Не наседнувај на новата измама од Кошта за гаранции во иднина а промена на уставот веднаш

Партијата го повикува премиерот Мицкоски да не наседнува на оваа најнова лага на Кошта и да прифаќа нови условувања и да инсистира на јасни правни и политички гаранции од ЕУ во замена за уставните измени.

Единствена Македонија до Мицкоски: Не наседнувај на новата измама од Кошта за гаранции во иднина а промена на уставот веднаш
Фото: Единствена Македонија

Единствена Македонија остро се спротиставува на политиката на условувања од Европската унија со непримерниот пазар – Бугари во устав во замена за продолжување на пристапните преговори.

Според нив, ваквата позиција била потврдена и од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој истакна дека Македонија може да ги продолжи пристапните преговори откако ќе се спроведат уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот.

Истовремено, Кошта посочи дека Европските совет може да разгледа одредени гаранции во однос на идни условувања од страна на Бугарија по промените на Уставот.

Од Единствена Македонија сметаат дека ваквите изјави се уште една голема лага на европските бирократи кои постојано ги слушаме во изминатите 30 години и Македонија прифаќаше бројни национални отстапки на своја штета а за возврат останаа само ветувањата од Брисел.

Поради тоа, партијата го повикува премиерот Мицкоски да не наседнува на оваа најнова лага на Кошта и да прифаќа нови условувања и да инсистира на јасни правни и политички гаранции од Европската унија во замена за уставните измени.

Тие предупредуваат дека во спротивно, тоа би можело да се смета за уште еден голем национален пораз, имајќи предвид дека пристапниот процес на земјата се состои од шест кластери со 35 поглавја а пристапните преговори уште се во почетна фаза. Според нив, во понатамошните фази ќе се појават нови барања од Бугарија и тоа не било какви туку барања кои засегаат во националниот карактер на Македонците.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОЗДРАВУВА ПОСВЕТЕНОСТА НА НИКОЛОВСКИ ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД Но како автопатот се дуплираше од 375 на 750 милиони евра

CATEGORIES
TAGS
Share This