СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Без задржувања на границите
Возачите се предупредуваат на можна појава на одрони на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде постои можност од појава на одрони. Внимание се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Воедно, потсетуваат дека од 15 април за сообраќај е отворен патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица, кој може да го користат сите возила со вкупна тежина до 3,5 тона.
