СОНЧЕВО УТРО, Невреме попладне
Во одделни подрачја можна е и изолирана појава на град, особено во нестабилните облачни зони.

Фото: Национал
Времето денеска (03.06) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од 9 до 30 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија
