ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, вторник 2 јуни 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, вторник 02 јуни 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДС. Под изговор дека државата ќе стане членка на Европската Унија, беше сменето уставното име на Македонија. Наместо ветениот напредок, државата доби нови блокади, нови условувања и нови барања.

Токму затоа, никој повеќе нема право да бара од македонскиот народ нови жртви врз основа на празни ветувања и дипломатски флоскули. Довербата што ја потрошија Заев, Филипче и СДС нема да се обнови со нови притисоци врз граѓаните. Ако Филипче навистина сака напредок на европскиот пат, тогаш нека престане да врши притисок врз Македонија и нека побара од официјална Софија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Наместо да ја убедува Македонија повторно да попушта, нека ја убеди Бугарија да ги почитува европските вредности и европското право.

Пораката до Филипче и тие како него е јасна и недвосмислена, нема уставни измени без јасни гаранции од Европската Унија. Нема нови отстапки без конкретна испорака од бугарска страна. Нема повеќе политика на наведната глава и бескрајни отстапки кои не носат никакви резултати. Македонија останува посветена на европската иднина, но како достоинствена држава која ги штити своите национални интереси, а не како држава од која постојано се бара да отстапува без да добие ништо за возврат.

Времето на еднострани концесии заврши. Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции без гаранции, без почитување и без реални резултати.

СДСДМ: Мицкоски најавува „големи промени“ – во Владата козметика, во партијата чистка

Мицкоски најавува големи промени и реорганизација, и во Владата и во партијата. Во Владата ќе биде козметика. Ќе менуваат имиња, ќе прават фотосесии, ќе ни продаваат „нова енергија“. А зад сè ќе остане истото, Мицкоски и неговата криминална група кои водат во изолација и продолжуваат со кражба. Во партијата, пак, ќе биде чистка. Како и со потпретседателите.

Ќе ги отстрануваат сите кои не се 100% лојални, кои не се дел од фан-клубот на Мицкоски. Ќе останат само оние кои безусловно го слушаат, кои не поставуваат прашања и кои се спремни да ја бранат истата политика на изолација и корупција. Мицкоски не прави реформи. Тој прави чистка на сите кои не му се доволно послушни.

И во Владата и во партијата, се сведува на исто: Сè да остане под негова контрола. Сè да биде негов фан-клуб. Граѓаните не сакаат козметика. Сакаат правда и иднина. Распишете референдум веднаш! Реформи сега. Европа сега!

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Единствена Македонија ја поздравува посветеноста на Николоски за автопатот Кичево-Охрид, но како автопатот се дуплираше од 375 на 750 милиони евра

Единствена Македонија ја поздравува посветеноста на министерот Александар Николовски за секојдевното информирање за привршувањето на автопатот Кичево-Охрид. Со право се истакнуваат напорите на оваа влада, имајќи предвид дека овој стратешки проект се претвори во децениска агонија за македонските граѓани.

Хронологијата на автопатот е запрепастувачка ако се знае дека изградбата започна на 22 февруари 2014 со поставување на камен темелник кај кичевскотот село „Извор“ со првата лопата од тогашниот премиер Никола Груевски за проект со вредност од 375 милиони долари и рок на градба за 45 месеци.

Денес, по повеќе од 12 години автопатот се уште се гради. Оттука Николовски е целосно во право кога вели дека оваа влада направи повеќе за проектот од сите други во изминатите 10 години.

Истовремено, Единствена Македонија бара паралелно со броењето на изградените километри, министерот Николовски да го отвори и прашањето за парите на граѓаните.

Единствена Македонија го потсетува Николовски на еден суров факт: проектот наместо 375 милиони евра низ годините достигна енормни 750 милиони евра. Единствена Македонија и народот бараат одговор како цената се дуплираше, со оглед на тоа што се работи за иста траса и иста должина.

Јавноста оправдано очекува одговор и детална пресметка за дупло потрошените пари. Се работи за капитална јавна инвестиција финансирана од народиот буџет.

Ова прашањето не смее да остане затворено – народот заслужува одговор!

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
TAGS
Share This