ЛУКАШЕНКО ЗА КИМ ЏОНГ УН Светот има погрешна слика за него

Лукашенко го пофали севернокорејскиот лидер како паметен и ветувачки, спротивставувајќи се на критиките од Западот..

ЛУКАШЕНКО ЗА КИМ ЏОНГ УН Светот има погрешна слика за него
Фото: Принтскрин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко упати пофални зборови за севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, оценувајќи дека станува збор за „паметен, млад и ветувачки човек“, кој е насочен кон соработка и, според него, неоправдано е претставуван како диктатор.

Говорејќи на средба во Минск со гувернерот на рускиот Приморски крај, Олег Кожемјако, Лукашенко изјави дека Ким Џонг Ун оставил силен впечаток врз него и дека меѓу нив се изградени добри односи.

„Севернокорејскиот лидер остави многу сериозен впечаток врз мене. Тој е паметен, млад, ветувачки и фокусиран на соработка. Во никој случај не е диктатор, како што некои го претставуваат“, изјави Лукашенко.

Белорускиот лидер истакна и дека очекува поддршка од Приморскиот крај во развојот на економската соработка со Северна Кореја, нагласувајќи дека руската област има исклучително блиски односи со Пјонгјанг.

Според Лукашенко, Ким Џонг Ун лично ја поддржал идејата за продлабочување на трговските врски меѓу Белорусија и Северна Кореја преку посредство на руските партнери.

CATEGORIES
Share This