ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДО ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ Ако се урне државата – сите ќе не затрупа, прво одбрана на Татковината а после е лесно со економијата ако расчистиме со бандитизмот
Најавено е дека Единствена Македонија ќе изработи „Меморандум за Македонија“ со неколку клучни точки во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори.

Единствена Македонија изразува загриженост поради, како што оценува, длабокото неединство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за националните интереси, во услови на проекти за бришење на се што е македонско од непријателите на македонското дело.
Од партијата апелираат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да иницираат формирање Совет на политички лидери од сите партии и да се договорат основните национални интереси како услов без кој Македонија не може понатаму.
Партијата нагласува дека простата вистина вели ако државата се урне сите ќе не затрупа во неа. Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање и на сите сегашни економски проблеми. Впрочем, економската наука се погрижила да ги открие механизмите како се прави економски просперитетна држава и за таа цел треба само да се расчисти со бандитизмот и грабежот во изминатите 35 години.
Најавено е дека Единствена Македонија ќе изработи „Меморандум за Македонија“ со неколку клучни точки во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори. За се друго, кој каква економска, земјоделска, спортска, културна, младинска…или било каква политика ќе води може слободно да се расправаме на избори.
Меморандумот за Македонија со кој преземаме една поактивна улога во овие судбоносни моменти за Татковината, не е само наш документ како една од политичките партии во земјата, туку и како Македонци кој добро ја познаваат историјата и проблемите во земјата и кои ги преживеале болните авантури и несреќните интервенции на вонмакедонските фактори.
