ГОЛЕМА ГРЕШКА ШТО ЈА ПРАВАТ СИТЕ Климата на 16°C не ве лади побрзо, еве зошто

Како правилно да ја користите климата кога не сте во станот и идеалните услови за квалитетен сон во летните ноќи.

ГОЛЕМА ГРЕШКА ШТО ЈА ПРАВАТ СИТЕ Климата на 16°C не ве лади побрзо, еве зошто
Фото: Принтскрин

Со доаѓањето на потоплите денови, многумина веднаш ја намалуваат температурата на климата за брзо разладување на просторот. Сепак, експертите предупредуваат дека екстремно ниските поставки не значат побрзо ладење, туку најчесто повисока сметка за струја и непотребно оптоварување на уредот.

Според препораките, најпријатната температура во текот на летото е меѓу 22 и 26 степени, зависно од личниот комфор. Доколку не сте сигурни, се советува да почнете со 26 степени, па постепено да ја намалувате за по еден степен дневно додека не ја пронајдете идеалната вредност.

Премногу големата разлика меѓу надворешната и внатрешната температура може да предизвика замор, главоболка и чувство на непријатност.

Честа грешка е климата да работи цел ден додека никој не е во станот. Експертите советуваат во тој период температурата да се зголеми неколку степени, за да се намали потрошувачката, а просторот сепак да остане пријатен и без влага.

Кога ќе се вратите дома, температурата може повторно да се врати на нормално ниво.

Поставување на климата на многу ниска температура (на пример 16°C) не значи побрзо ладење. Уредот работи со иста брзина, но ќе работи подолго, што резултира со поголема потрошувачка на енергија.

Поради тоа, се препорачува користење паметни термостати или автоматски режими кои го оптимизираат ладењето.

Во текот на ноќта, најпријатна температура за сон е меѓу 16 и 19 степени. Сепак, многумина избираат малку повисоки вредности за да ја намалат потрошувачката, бидејќи надворешните температури се пониски.

Постојат неколку едноставни навики кои помагаат како да го разладите домот без голема потрошувачка: спуштете ролетни и завеси во најтоплиот дел од денот, проветрувајте рано наутро и доцна навечер, избегнувајте користење рерна и шпорет преку ден, држете прозорци и врати затворени кога работи климата и користете вентилатори за подобра циркулација на воздухот

Освен температурата, клучна е и влажноста на воздухот. Идеално ниво е меѓу 30 и 50%. При повисока влажност, просторот делува потопол и понепријатен, дури и кога климата работи. Во такви случаи може да помогне одвлажнувач.

Сè повеќе домаќинства користат паметни термостати кои автоматски ја регулираат температурата. Тие овозможуваат климата да работи помалку кога никој не е дома и да го разлади просторот пред враќање, со што се постигнува баланс меѓу комфор и заштеда на енергија.

CATEGORIES
Share This