ЕМОЦИОНАЛНА РЕАКЦИЈА Не знам со какво срце луѓето крадат од гроб

Според неговите тврдења, гробот е ограбен дури 14 пати а на видео снимка се гледа како жена зема саксии со цвеќе.

ЕМОЦИОНАЛНА РЕАКЦИЈА Не знам со какво срце луѓето крадат од гроб
Фото: Принтскрин

Таткото на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги Ѓоргиев, сподели видео на Фејсбук во кое повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробното место на неговиот син.

На снимката што ја објавил, се гледа постара жена која од гробот зема саксии со цвеќе.

Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат гробот на неговиот син да биде ограбен.

„14 кражби на нашиот ангел и денес сè уште не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа луѓето крадат од гроб. Да сте здрави и живи тетке, која и да сте, и да ви се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев.

CATEGORIES
Share This