НЕМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Трамп жестоко му одговори на CNN
Продолжува политичката полемика меѓу Трамп и американските медиуми.

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот нуклеарен договор со Иран јасно предвидува дека Техеран нема да поседува нуклеарно оружје, реагирајќи на медиумски извештаи.
Во објава на платформата Truth Social, Трамп наведе дека CNN „погрешно“ тврди оти договорот не се однесува на нуклеарното оружје, додавајќи дека документот, според него, „јасно утврдува дека Иран нема да има нуклеарно оружје“.
Тој исто така истакна дека договорот содржи „детални одредби и пошироки дискусии за различни аспекти поврзани со нуклеарното оружје“.
CATEGORIES Свет
