ПЕТЕР МАЃАР ОДИ ДО КРАЈ Или оставка од претседателот на државата или почнува постапка за негово отстранување
Маѓар постави ултиматум до претседателот Шуљок и бара итна оставка или уставни измени.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар е спремен да оди до крај и да го смени претседателиот на државата Тамаш Шуљок.
Тој изјави дека неговата партија Тиса ќе поддржи уставни измени доколку претседателот Шуљок не поднесе оставка од функцијата.
Маѓар нагласи дека, според него, институцијата претседател на Републиката мора да го врати својот углед, кој, како што рече, бил нарушен поради „молчење, пасивност и неприфатливи одлуки“ во изминатите години.
„Му кажав на претседателот дека доколку не поднесе доброволна оставка, денес ќе ја информирам пратеничката група на Тиса за неговата одлука и веднаш ќе ги започнеме потребните процедури“, изјави тој, пренесува агенцијата МТИ.
Тој додаде дека предложените уставни измени се однесуваат на сите „марионетски функционери“ и истакна дека веќе покренал иницијатива за нивно отстранување.
