БРАНИТЕЛ СПРЕЧЕН, СУДЕЊЕТО ОДЛОЖЕНО – Нов термин за случајот „Пулс“

Расправата во предметот КОК бр. 7/26 е отповикана по барање на одбраната на еден од обвинетите.

БРАНИТЕЛ СПРЕЧЕН, СУДЕЊЕТО ОДЛОЖЕНО – Нов термин за случајот „Пулс“
Фото: Принтскрин

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека се одложува главната расправа во предметот КОК бр. 7/26, во кој се обвинети девет полициски службеници поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Судењето беше закажано за денеска. 1 јуни 2026 година, но е отповикано поради барање на одбраната на обвинетиот Г.И., која навела дека неговиот бранител во истиот термин е ангажиран во друг предмет во кој се определени мерки притвор.

Од Судот информираат дека постапката ќе продолжи на веќе закажаниот термин на 15 јуни 2026 година, за кој сите странки во постапката се навремено и уредно известени.

CATEGORIES
Share This