СО СИРОМАШНИ НОВИНАРИ НЕМА БОГАТА ДЕМОКРАТИЈА 69% од новинарите под просечната плата

Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази посебна загриженост за економската состојба на медиумите.

СО СИРОМАШНИ НОВИНАРИ НЕМА БОГАТА ДЕМОКРАТИЈА 69% од новинарите под просечната плата

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 на темата местото на Македонија на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година според извештајот објавен од организацијата „Репортери без граници“ беше изнесен и податок колку за својата работа се платени новинарите во Македонија.

Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази посебна загриженост за економската состојба на медиумите. Според ССНМ, 69% од медиумските работници добиваат плата под просечната, а медиумската индустрија работи со загуба.

„Годишно за плати се трошат 18 милиони евра, а приходите од реклами и изборни кампањи достигнуваат најмногу 17 милиони. За програма не останува ништо – тоа е бедотија“, вели Беловски.

Притоа Беловски предупредува дека состојбата е посериозна од она што го покажуваат бројките.

„Имаме пад од три поени во легислативата, а реалната слика е уште полоша. Србија е на 92. место, а ние, иако втори во регионот, постојано паѓаме“, изјави Беловски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

CATEGORIES
Share This