ЕУ ПОДГОТВУВА УДАР ВРЗ КИНА Почнува трговска војна што може да ја потресе Европа

Трговските тензии меѓу ЕУ и Кина продолжуваат да се продлабочуваат.

ЕУ ПОДГОТВУВА УДАР ВРЗ КИНА Почнува трговска војна што може да ја потресе Европа
Фото: Принтскрин

Европската Унија размислува за воведување нови царини и ограничувања на увозот од Кина, поради сè поголемиот трговски дефицит и стравувањата дека европската индустрија не може да се носи со евтините кинески производи.

Во Брисел се подготвува нов пакет мерки насочени кон заштита на европскиот пазар од евтин увоз, откако се засилија предупредувањата дека индустријата на ЕУ би можела да ја изгуби конкурентската битка со кинеските производители. Меѓу разгледуваните опции се нови царини, намалување на зависноста од кинески компоненти и дополнителни механизми за трговска заштита. Аналитичарите веќе зборуваат за нов „кинески шок“ за Европа.

Зависноста од кинески добавувачи се зголемува во повеќе стратешки сектори, вклучително хемиската индустрија и телекомуникациите. Европските компании предупредуваат на губење пазарни позиции, намалено производство и ризик за работните места.

Дополнителен притисок создава и растечкиот трговски јаз. Според податоци од кинеската царина, Кина во првите четири месеци од 2026 година остварила суфицит од 113 милијарди долари во трговијата со ЕУ-27, што е значително повеќе од 91 милијарда долари во истиот период лани. Во 2025 година, вкупниот дефицит на ЕУ со Кина достигнал околу 360 милијарди евра.

Тензиите се продлабочуваат и поради најавени можни кинески контрамерки на европските регулативи што го ограничуваат пристапот на кинеските компании до пазарот на ЕУ. Пекинг неодамна им забрани на своите компании соработка со Европската комисија во истрагите за странски субвенции. Прашањето ќе биде разгледано на 29 мај, кога се очекуваат следните чекори од Брисел.

Според правилата на ЕУ, Европската комисија може да воведе антидампинг давачки и да покрене истраги за неправедни државни субвенции. Сепак, институциите се соочуваат со административни ограничувања поради зголемениот број случаи и недоволни капацитети во Генералниот директорат за трговија.

„Еуроњуз“ пренесува дека меѓу една третина и половина од тековните истраги во ЕУ се однесуваат на хемискиот сектор.

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА РАБОТ – Кина ја менува светската индустриска карта

КРАЈ НА ЗАВИСНОСТА ОД КИНА – Брисел воведува строги нови правила што менуваат сè

CATEGORIES
Share This