КРАЈ НА ЗАВИСНОСТА ОД КИНА – Брисел воведува строги нови правила што менуваат сè
Целта на мерката е намалување на зависноста од Кина и други поединечни добавувачи.

Фото: Принтскрин
Европската Унија разгледува воведување нови правила со кои европските компании би биле обврзани критичните компоненти да ги набавуваат од најмалку три различни добавувачи, со цел намалување на зависноста од Кина, објави „Фајненшл тајмс“.
Според предлогот, мерките би се однесувале на компании во клучни индустриски сектори, како хемикалии и индустриски машини. Во нив би се ограничувало учеството на еден добавувач на околу 30 до 40 проценти од вкупните набавки.
Останатиот дел од компонентите би морал да се обезбедува од најмалку три различни добавувачи, при што тие не би смееле да потекнуваат од иста земја, се наведува во извештајот.
CATEGORIES Бизнис
