МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Силен ветер и пороен дожд на повеќе места

Попладневната нестабилност ќе донесе грмежи и засилен северен ветер во повеќе региони низ земјата.

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Силен ветер и пороен дожд на повеќе места
Фото: Национал

Денеска (24.05) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и темпеература во интервал од 10 до 28 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
T=27°C. P=987hPa. U=46%. V=5m/s.

CATEGORIES
Share This