СООБРАЌАЈОТ ТЕЧЕ БЕЗ ЗАСТОЈ Но внимание на овие делници
Возете внимателно: Можни одрони на повеќе патни правци низ Македонија.

Денеска (24.05) сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ. Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност од појава на одрони.
Како поризични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Воедно, од 15 април повторно е отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица, и тоа за сите возила со тежина до 3,5 тона.
