ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА – Дожд, грмежи и ветер низ Македонија

Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час.

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА – Дожд, грмежи и ветер низ Македонија
Фото: Национал

Времето денеска (21.05) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди наместа со слаб локален дожд и температура во интервал од 4 до 28 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне во југоисточните делови ќе биде нестабилно со услови за појава на ретки грмежи и пороен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This