НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ ПЛЕТВАР ПРИЛЕП – Нови ограничувања на патот Гостивар-Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а на граничните премини нема подолги задржувања.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ ПЛЕТВАР ПРИЛЕП – Нови ограничувања на патот Гостивар-Стража
Фото: Национал

Денеска (21.05) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

Исто така, АМСМ известува дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата.

Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

CATEGORIES
Share This