ГОЛЕМА ОДЛУКА НА ЖИРИТО – Еве кој роман стана „Роман на годината“

Свеченото доделување ќе се одржи на 20 мај во Друштвото на писателите на Македонија.

ГОЛЕМА ОДЛУКА НА ЖИРИТО – Еве кој роман стана „Роман на годината“
Фото: Принтскрин

Свеченото доделување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 19 часот.

Добитник на годинашното престижно признание е романот „Три Марии“ од авторката Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“. Одлуката ја донесе петчленото жири во состав: Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева.

На конкурсот, кој годинава се одржува по 27. пат, пристигнале 46 романи. Жирито ја донело одлуката со мнозинство гласови, по неколкукратен процес на селекција на пријавените дела.

За музичката придружба на свечената церемонија ќе се погрижи диџеј Шурбе.

Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари, а е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

CATEGORIES
Share This