НЕВЕРОЈАТНИ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНИЈА – Над 18 милиони патници се возеле со такси во 2025
Со речиси 2.000 возила се реализирани над 60 милиони километри.

Фото: Принтскрин
Во 2025 година, такси-превозот во земјата забележал огромен обем на работа со вкупно 18.449.000 превезени патници, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Од нив, убедливо најголем дел се во градскиот превоз, 16.964.000 патници, додека меѓуградскиот такси-превоз опфатил 1.485.000 патници.
Паралелно со тоа, со 1.982 патнички автомобили се изминати вкупно 60.158.000 километри, од кои 53.418.000 км во градскиот превоз i 6.740.000 км во меѓуградскиот превоз
Податоците јасно покажуваат дека градскиот такси превоз и понатаму е доминантен во секојдневното движење на граѓаните.
CATEGORIES Бизнис


