ПОРАНЕШНА СТУЈАРДЕСА ОТКРИВА – Зошто семејствата со деца би требало последни да се качуваат во авион
Искусна стјуардеса тврди дека раното качување може да создаде дополнителен стрес кај децата.

Поранешна стјуардеса откри зошто семејствата со мали деца можеби е подобро да се качуваат последни во авион, иако вообичаено имаат приоритет при влез.
Лора Дејвис, која со години работела како стјуардеса, на TikTok сподели дека често гледала родители кои први влегуваат во авионот, но потоа долго време остануваат седнати на своите места додека се качуваат останатите патници. Според неа, токму тоа може да создаде непотребен стрес кај децата.
Таа објаснува дека комбинацијата од долго чекање во затворен простор и детска нетрпеливост често доведува до нервоза уште пред полетувањето.
„Качете се последни, седнете и веднаш полетувате. Привилегијата за рано качување е замка. Со години ја нудев и дури сега сфаќам колку тоа знае да биде непрактично“, изјавила Дејвис.
Таа додава дека семејствата кои први влегуваат во авион понекогаш поминуваат и по 20 до 30 минути врзани за своите седишта пред да започне летот, што кај малите деца може да предизвика немир и раздразливост.
Нејзиниот став предизвика дискусии на социјалните мрежи, каде дел од родителите ја поддржуваат практиката на рано качување, додека други се согласуваат дека понекогаш е подобро да се влезе подоцна.
Како што пренесува New York Post, дебатата е дел од поширока дискусија за правилата и навиките при патување. Иако авиокомпаниите најчесто им даваат приоритет на семејствата со деца, сè повеќе патници го преиспитуваат овој пристап.
Експертите за патување со деца советуваат родителите да се подготват однапред, да понесат грицки и играчки, како и да им го претстават летот на децата како забавно и интересно искуство.
