ТРАМП ОБЈАВИ МАПА – Венецуела станува 51-ва американска држава
Мапата ја прикажува Венецуела обоена во американски бои со ознака „51-ва држава“.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social објави визуелна мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, означена како „51-ва држава“. На сликата, територијата на Венецуела е обоена во боите на американското знаме.
Оваа објава предизвика реакции откако в.д. претседателката на Венецуела, Делси Родригез, пред неколку дена изјави дека земјата нема намера да стане 51-ва американска држава, по информациите дека Трамп наводно разгледувал таква можност.
„Ќе продолжиме да го браниме нашиот интегритет, суверенитет, независност и историја“, изјави Родригез.
Таа ја презеде функцијата во јануари по, како што се наведува, воена операција на САД со која беше соборен поранешниот претседател Николас Мадуро, пренесува АП.
