40-ГОДИШНИОТ ГОЛМАН НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА – Продолжува уште една година
И покрај најавите за можна пензија, Нојер останува активен уште најмалку една сезона.

Фото: Принтскрин
Мануел Нојер ќе остане на голот на Баерн Минхен и во следната сезона, откако според најновите информации од Баварија, клубот и 40-годишниот голман постигнале договор за продолжување на соработката најмалку уште една година.
Иако во последниот период најавуваше можност за пензија, Нојер очигледно ја променил одлуката и ќе ја продолжи својата кариера во Минхен.
Мануел Нојер пристигна во Баерн во 2011 година од Шалке и досега има настапено на 597 натпревари за клубот.
Со Баерн Минхен има освоено 13 титули во Бундеслигата и две титули во Лигата на шампионите, додека со Германија стана светски шампион во 2014 година.
CATEGORIES Фудбал
